Friday, 16 January, 2015 2 3

Мислење од УЈП за толкување на Правилникот за нормираните износи на кало растур, крш и расипување

Почитувани,

Во прилог Ви доставуваме мислење од Управата за јавни приходи за толкување на одредени одредби од Правилникот за нормираните износи на кало, растур, крш и расипување на стоки и одделни производи утврдени за секоја гранка за даночни цели. Ова мислење е дадено за стариот Правилник кој што беше објавен во „Сл. Весник на РМ“ бр.106/13. Напоменуваме дека овој правилник беше изменет и повторно објавен во „СЛ. Весник на РМ“ бр.174/14

страна 1 страна 2

3
2 Коментари
  • brik.berovo
    January 21, 2015

    Бидејќи и новиот Правилник е со иста содржина и бидејќи само Собранието на Република Македонија е компетентно да дава автентично толкување на Правилникот моето прашање е дали може да поведеме иницијатива за давање на автентично толкување на Овој Правилник?
    Притоа ќе добиеме законска рамка за толкување на правилникот, бидејќи во спротивен случај може да се толкува и дека не се дозволени кало, растур, крш и расипување за даночни цели во областите кои не се наведени во Овој Правилник.
    Која е процедурата за добивање на автентично толкување од Собранието на Република Македонија?

  • Goran Rafajlovski
    January 22, 2015

    Почитувани,

    Собранието на РМ дава автентично толкување само на донесени закони. Ова е процедурата за добивање на автентично толкување.

    Согласно член 175 од Деловодникот на Собранието на Република Македонија, барање за давање на автентично толкување на закон може да поднесе секој пратеник, Владата, Уставен суд на РМ, Врховниот суд на Република Македонија, Јавниот обвинител на Република Македонија, народниот правобранител, градоначалниците на општините и градот Скопје и советите на општините и на градот Скопје, доколку потребата од автентично толкување настанала во врска со примена на законите во нивното работење.

    Правилниците ги носат надлежните Министерства. За нивно толкување или мислење за одреден член дава самото Министерство.

Мора да се најавите за да коментирате. Логирај се